Промовирана нова поштенска марка посветена на Лоренц Антони

Од:

 АД „Македонска пошта“ денеска ја промовираше новата поштенска марка посветена на композиторот, диригент и албански етномузиколог Лоренц Антоти.

Директорот на „Македонска пошта“ Фадис Реџепи потенцира дека со оваа поштенска марка се вклучуваат во означувањето на 25-годишнината од смртта на Лоренц Антони.

Тој информира дека поштенската марка на тема музика, издадена е во тираж од 7.000 примероци, со вредност од 20 денари. Автор е Луран Куфало од Бирото за филателија на „Македонска пошта“.

На церемонијата присуствуваше и ќерката на Лоренц Антони, Вилма Антони-Бејтулаху.

Лоренц Антони е роден во 1909 година во Скопје, а почина во Приштина на 21 октомври 1991. Тој е еден од најпознатите композитори и етномузиколози кај Албанците. 

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on