(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ е во тотален хаос – назначија двајца претседстели на Регулаторна

Од:

„Се наоѓаме пред нерегуларната Регулаторна Комисија за енергетика.

Нерегуларна затоа што спротивно на Законот за енергетика оваа комисија има двајца претседатели, назначени од власта во заминување.

Ова е одлуката со којашто покрај постоечкиот претседател, за претседател е именуван и Дејан Бошковски, поранешниот директор на АД ЕЛЕМ.

Веројатно како награда од Груевски за неговото неодговорно работење во АД ЕЛЕМ каде што се случи најголемиот грабеж на граѓаните преку нерегуларни тендери и зголемувањето на цената на струјата за 100%.

Оваа Комисија е нерегуларна затоа што именуваниот, според Законот, не смее да биде ниту член а најмалку претседател на Комисијата.

Согласно законот, за да се биде член на оваа комисија треба најмалку една година да не се извршува раководна функција во УО или ИО на енергетска компанија.

Дејан Бошковски беше назначен само неколку дена после неговата оставка од функцијата во АД ЕЛЕМ.

Ваквото незаконско назначување на партиските војници мора да запре.

По 11-ти декември, Македонија ќе биде правна држава, законите ќе се почитуваат и ќе важат за сите подеднакво“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте