Викендицата се наоѓа на песочна дина во близина на Роберг плажата во Плетенберг Заливот.
Објектот е осмислен како едноставна кутија, која гледана од патот изгледа прилично скромна, со дневна соба и други простории скриени на приземјето. Хоризонталната димензија на вилата е нагласена во нејзиниот влезен дел, кој е декориран со каскадни декоративни жбунови.
Формата на вилата е вертикално продолжена, со што се овозможува продор на светлина во ентериерот.
Скалите се деликатно креирани во празниот простор на вилата, осветлен со помош на светларник.
Централно позиционираната кујна е идеално осмислена и е лесно достапна од дневната соба и севрениот двор, како и кон спалните соби.
Базенот се наоѓа на долната тераса и е поврзан со главните простории за забава со камени скали.