Ципрас бара „ефикасна“ солидарност од ЕУ за проблемот со бегалците

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципра ги повика земјите членки на ЕУ да покажат „ефикасна“ солидарност со Грција во решавањето на проблемот со бегалците, јави грчката агенција АНА-МПА.

– Грција го носи целиот товар од бегалскиот проблем, порача Ципрас на средбата на Евопскиот совет.

Според грчки владини извори, на синоќешниот прв дел од дводневниот Самит на ЕУ, Грција барала да биде постигнат миграциски договор меѓу членките на Унијата.

На средбата Ципрас исталнал дека од вкупно 66.000 бегалци кои треба да бидат префрлени од Грција во другите земји членки на ЕУ, досега се дислоцирани само 5.200.

– На Грција и е потребна ефикасна солидарност за решавање на бегалскиот проблем и таа солидарност не треба да биде само ефикасна, туку и флексибилна, порачал Ципрас до своите колеги од ЕУ.

Тој побарал сите земји членки да ги спорведуваат досега постигнатите договори околу бегалците. нагласувајќи дека ЕУ треба да и даде јасен одговор на Турција во врска си визниот режим, со цел да не и се даде повод на Анкара да се откаже од спогодбата со Унијата за запирање на мигрантскиот прилив.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Силен земјотрес во Грција