Бесплатни курсеви по руски јазик

Од:

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска  во зградата на Ректоратот на УКИМ ќе го одржи првиот час од бесплатните курсеви по руски јазик.

Пред присутните, како што најавија организаторите, на првиот час ќе се обратат ректорот на Универзитетот Никола Јанкуловски и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Николаевич Шчербак.

На конкурсот за бесплатни курсеви по руски јазик се пријавиле околу 1.000 лица. Со цел на сите пријавени да им биде овозможено бесплатно изучување на рускиот јазик според највисоки стандарди, Рускиот центар при УКИМ ќе ги одржи во три турнуси до крајот на академската година.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски