Се гради нов резервоар за вода во неготинско Тимјаник

Од:

 Изградбата на нов резервоар во селото Тимјаник, која е во тек, е еден од проектите за реконструкција на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето во општина Неготино. Ова денеска го истакна градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов, кој изврши увид во градежните работи.

Тој појасни дека резервоарот е лоциран веднаш до постоечкиот, а водата од новиот резервоар ќе биде наменета за корисниците од Неготино, кои живеат во високите зони.
– Станува збор за резервоар со зафатнина од 500 метри кубни, кој претставува целина од два независни водни комори од по 250 метри кубни. Дистрибуцијата на водата ќе се овозможи преку одводен цевковод, а целиот комплекс околу резервоарот ќе биде ограден со столбови од челични профили. По ставањето во функција на новиот резрвоар, постоечкиот од 150 метри кубни вода ќе биде наменет само за жителите на Тимјаник, а водата од новиот ќе биде за населението од високите зони на Неготино, рече Апостолов.
Предвидено е работите на терен да бидат завршени кон средината на следниот месец и резервоарот да биде пуштен во функција. 
Според градоначалникот Апостолов, ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се реши еден голем и долгогодишен проблем во општината.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза