А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонско-унгарската размена во континуиран раст

by А1он20/10/2016 - 16:09105
Share0

За 160 отсто е зголемен извозот на Македонија во Унгарија во првите седум месеци од годинава, а и размената од двете страни континуирано бележи раст, беше речено на македонско-унгарскиот деловен форум што се одржува денеска во рамки на „Технома 2016“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Форумот на едно место ги собра бизнисмените од двете земји кои, како што рекоа организаторите – Сојузот на стопанските комори (ССК) и Амбасадата на Унгарија, имаат директна можност да договорат соработка и да поразговараат за реализирање заеднички проекти. 

Најголем потенцијал има во туризмот, екологијата и културата, иако засега размената главно се сведува на готови производи во машинската, односно преработувачката индустрија.
– Македонија и Унгарија традиционално, имаат одлични политички и економски односи, а одлично ја негуваат и соработката во културата, спортот, како и во останатите сфери. Меѓу двете земји нема никакви пречки, а потенцијалот за соработка е голем, посебно во делот на малите и средните претпријатија, истакна унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, потенцирајќи ја контиунираната унгарска поддршка за македонските ервоинтеграциски процеси.

Според него, двете земји во унапредувањето на македонско-унгарските бизнис релации гледаат и добра можност за искористување пари од европските фондови преку претходно заедничко аплицирање.

Следете a1on на Youtube YouTube

Трансферот на знаења и технологии, како и иновациите се во фокусот на унгарската економија, а тоа, подвлече амбасадорот, се пресликува и во економоските односи со Македонија. 

– Македонија на домашните и странските инвеститори им нуди многу бенефиции, има одлична инфраструктура и локација, овозможува брз, лесен излез на европскиот пазар, а нуди и квалификувана, образована работна сила, рече Маја Костова од Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот која се осврна на предностите кои ги нуди земјава за водење бизнис.
Според Секторот за трговија при Унгарската амбасада во Скопје, за развој на економските односи во 2012 година е формирана меѓувладина комисија која досега одржала три средби, а етаблирани се и повеќе од 20 форми на соработка.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто