Пуштен во употреба новиот мост кај Соколарци

Од:

Со средства од Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите изграден е нов мост кај Соколарци во општина Чешиново – Облешево.

Новиот мост е изграден на местото на стариот којшто беше оштетен за време на поројните дождови во 2015 година. Со ова надминати се заканите по безбедноста на населението за кое овој пат претставува важна и фреквентна комуникациска врска.

– Овој мост е од извонредно значење за жителите на општината Чешиново-Облешево. Решен е децениски проблем на жителите од ова место, бидејќи претходниот мост немаше доволен капацитет да ги пропушти водите од интензивните врнежи, што предизвикуваше излевање на водата од коритото. Сообраќајот често беше во застој, а имаше и критични ситуации кога мораше да се извлекуваат возила заглавени во надојдената вода, изјави градоначалникот на општината Костадин Личков.

Изградбата на мостот почна во мај годинава и за него од страна на Европската унија беа одвоени околу 150 илјади евра.

– Новиот мост е изграден согласно повисоки стандарди, како во однос на квалитетот на градба, така и во однос на пропусната способност, изјави Димитрија Сековски, раководител на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите.

Покрај изградбата на овој тринаесетметарски мост, градежните работи вклучуваа и проширување и асфалтирање на патот. – На овој начин обновена е главната социјална и економска врска по која се одвива животот, но и локалните бизниси во овој регион, додаде Сековски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза