Жерновски: Долги ќе бидат битката и листата на криминалните предмети за барокното лудило и правдата ќе победи

Од:

„Продолжува да се открива криминалот од проектот „Скопје 2014″. Овој владин проект, од кој се украдоа милиони евра, ќе мора да биде истражен до крај.

Од она што ние во општина Центар го констатиравме со нашата ревизија, сигурен сум дека денес изнесените наоди се само промил од она што реално е украдено.

Сакам уште еднаш да изразам силна поддршка за СЈО и да им честитам за истрајноста да ги прибават потребните докази.

Оваа битка ќе биде долга, исто како и листата на криминалните предмети кои се врзани со барокното лудило, и ќе заврши со победа на правдата“, напиша градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила