АХВ: Пијалокот „Ламар“ ги има поминато сите законски и безбедносни процедури

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство во денешната реакција на изјавата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски нагласува дека пијалокот Ламар ги има поминато сите законски и безбедносни процедури пред да биде пуштен во продажба.

– Агенцијата за храна и ветеринарство најостро реагира на инсинуациите со кои втор ден техничкиот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски ги малтретира и замајува граѓаните, сеејќи страв дека е доведено во опасност и загрозено нивното здравје. Само за Николовски постои скандал во увозот на пијалакот Ламар, кој за да влезе во земјава ги има поминато сите законски и безбедносни процедури, се наведува во реакцијата.

Оттаму посочуваат дека новиот правилник за информациите поврзани со храната, за кој Николовски тврди дека не знаеле да го протолкуваат и применуваат, во делот на означувањето, вклучително и за производот кој е увезен во земјава, имал одложена примена од една година.

– Агенцијата за храна и ветеринарство е премногу сериозна институција секојдневно да одговара на небулозните прозивки на Николовски со кои само ја замајува јавноста и сее лаги и невистини. За сите манипулации и нејаснотии со кои се служи Николовски, а кои повеќе од очигледно создаваат забуна и кај него, институцијата е отворена за разговор, соработка и за разјаснување на сите дилеми, се вели во писмената реакција од АХВ.

Би можело да ве интересира

Контроли на АХВ: Казни, уништена небезбедна храна и спречен шверц на јајца

Горан Наумовски

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ