Првото сертификационо тело за градежни производи кое е акредитирано од Институтот за акредитација на Република Македонија ќе биде промовирано денеска во Скопје.
На официјалната промоција ќе се обратат министерот за економија Дритон Кучи и директорот на Институт за акредитација Трпе Ристоски.
Ова посебно тело, дел од Градежен Институт Македонија, е формирано врз основа на Решение издадено од Министерството за економија согласно Законот за градежни производи.
ГИМ Сертификација е тело за Сертификација на градежни производи и Сертификација на контрола на фабричко производство. Со формирање на сертификационотo тело за градежни производи, ГИМ Сертификација, овозможено е примена на Законот за градежни производи во Република Македонија.