Најмалку 35 луѓе денеска се убиени во Јемен пред да стапи во сила 72-часовниот прекин на огнот прогласен од Обединети нации.
– Во артилериски оган во близина на границата со Саудиска Арабија загинаа 30 шиитски бунтовници хуси и петмина борци од провладините сили, соопшти јеменската армија.
Околу 6.900 луѓе загинаа во Јемен по вмешувањето на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во конфликтот од март минатата година.
Примирјето ќе стапи во сила една минута пред полноќ.