Руската армија денеска објави дека утрешната хуманитарна пауза во сирискиот град ќе трае 11 часа, наместо првичните осум.
Претставник на руската армија Сергеј Рудској изјави дека руските и сириските вооружени сили утре од осум до 19 часот ќе ги прекинат нападите во Алепо, со цел да им овозможи на цивилите и бунтовниците да го напуштат градот.
– Во тој период, руските воздушни сили и силите на сириската Влада ќе ги прекинат воздушните напади и борбени дејствија, посочи Рудској.
Тој додаде дека руските и сириските авиони не извршуваат напади од вторникот.