Министерство за транспорт: СДСМ да не прави илузорни најави за линии кои се опслужуват

Од:

Министерство за транспорт и врски во реакција на денешната прес-конференција на Благој Бочварски од СДСМ, кој вели дека на Скопје му е потребен градски и приградски железнички превоз, посочува оти опозициската партија „имала можност да гради железнички пруги, но наместо тоа парите ги ставале во партиските џебови“.

– СДСМ имаа можност да градат железнички пруги или да купат нови возови колку што сакаа претходно, но наместо тоа, тие избраа парите наменети за изградба на пругите да ги стават во партиските џебови, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт и врски.

Железничката инфраструктура во Скопје, како што се посочува, е дизајнирана да ги задоволува потребите на граѓаните и моментно се опфатени сите населени места каде има реална потреба од железнички превоз. – Затоа СДСМ да не прави илузорни најави за линии кои во моментов се опслужуват и ги поврзуваат сите населени места, велат од Министерството.

Во реакцијата е наведено дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е силно посветена на подобрување на железничкиот сообраќај и за таа цел набавени се шест нови возови со кои се обнови 60 отсто од возниот парк во МЖ Транспорт, инвестиција од 25 милиони евра.

– Во тек е набавка на три нови локомотиви, а дополнително се планира да се обнови возниот парк со нови возови што значи дека инвестициите во железничкиот транспорт засега даваат конкретни резултати во насока на подобрување на железничкиот превоз, стои во реакцијата од Министерство за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски