Министерот Попоски во посета на европските институции во Брисел

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од синоќа се наоѓа во Брисел во рамки на неговата тридневна посета на европската престолнина. Од рано утринава започнува набиената агенда на средби и говори во значајни институции на Попоски во рамки на подготовките пред декемврискиот Самит на Европскиот совет, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Министерот Попоски денеска треба да говори пред членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент и на конференција организирана од најзначајниот тинк-тенк во европската престолнина, Европскиот центар за политика (ЕПЦ), како и пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел. Шефот на македонската дипломатија ќе има и билатерални средби со европарламентарци, со еврокомесарката Сесија Малстром,…

Според програмата, Попоски од утринава уште во 08:00 часот започнува со работен појадок во Постојаната мисија на Словенија во Брисел на која ќе присуствуваат амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. По појадокот, Попоски треба да говори пред АФЕТ во Европарламентот, каде се очекува да има и дебата со членовите на оваа Комисија и можни провокации од бугарските и грчките пратеници.

Од пладне па до 13:30 часот, македонскиот министер за надворешни работи ќе има и билатерални средби со европарламентарците Едуард Кукан (ЕПП, Словачка) и Јержи Бузек (ЕПП, Чешка).

За во 14:10 часот, Попоски е најавен како главен говорник на конференцијата на тинк-тенкот ЕПЦ на темата „Европската иднина на Балканот – Движејќи се напред во македонскиот случај?”. Негова последна средба денеска ќе биде онаа во зградата „Берлемонт” на Европската комисија со еврокомесарката за внатрешни работи и правда, Сесилија Малстром, на кој се очекува да се разговара за заканите од Комисијата за воведување на механизмот за привремено укинување на безвизнито режим за земјите од Западен Балкан и справувањето на Македониај со лажните азиланти.

За утре, шефот на македонската дипломатија уште рано утрината има закажано билатерална средба со известувачот за Република Македонија во Европски опарламент, Ричард Ховит. Во 11:00 часот е предвидено тој да се сретне и со првиот човек на Директоратот за проширување во Европската комисија, Стефано Санино, а 30 минути по пладне се предвидени неколку негови „билатералки” со бугарски европратеници, при што се очекува да има разговори со Станимир Илчев, Евгени Кирилов, Андреј Ковачев и Кристијан Вигенин.

Последна средба при тридневната посета на Попоски на Брисел се очекува да биде со Фернандез де ла Пења, извршен директор на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС).

Сите овие средби на македонскиот министер за надворешни работи се со цел обезбедување на повеќе пријатели и силна поддршка на Македонија пред декемврискиот Самит на Европскиот совет на кој се очекува да биде прифатена позитивната препорака на Комисијата за отпочнување на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски