Од утре привремен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

Од:

 Град Скопје информира дека поради изведување градежни активности од утре целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од кружната крстосница кај СП Планет, до крстосницата со булеварот „Македонска војска“.

Моторниот сообраќај и возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60, а се движат од Дексион кон Центар ќе бидат пренасочени од улицата „Ѓорче Петров,“ по булеварот „Македонска војска“, кај кружната крстосница, црквата „Св Петар и Павле“, по булевар „Партизански одреди“ и продолжуваат по својата траса.

Во обратна насока, од Центар кон Дексион, моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени по кружната крстосница на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“. Ќе продолжуваат по булеварот „Партизански одреди“ до кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“, по булеварот „Македонска војска“ по улицата „Ѓорче Петров“ и продолжуваат по својата траса.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза