Кралицата на убавината на мексиканската држава Синалоа Марија Сузана Флорес Гамес, убиена е на северот на Мексико, во судирот на војската со припадниците на нарко банда со кои патувала.
Според соопштението на мексиканското обвинителство, Флорес Гамес била во едно од возилата кое учествувало во повеќечасовната брканица со воените џипови и во оружената пресметка.
Нејзиното тело е пронајдено до една пушка. Таа била избрана за мис на Синалоа 2012. на натпреварот оваа година.