Мексикански федерален судија специјализиран за случаи поврзани со трговија со дрога беше убиен синоќа во Мексико.
37-годишниот Висенте Антонио Бермудас, судија во градот Толука беше простерал во пределот на главата додека излегувал од својот дом во близина на градот Метепак, во сојузната држава Мексико. Тој починал во возилото на брзата помош на патот кон болницата.
Претседателот Енрике Пења Нието изјави во телевизиско обраќање дека му наредил на главниот овинител да го истражи случајот.
Бермудес од март се занимавал со федерални дела за трговија со дрога во Мексико. Тој резгледувал неколку жалби поднесени од адвокати на шефот на картелот „Синалоа“, Хоакин Ел Чапо Гусман и на Мигел Тревино, поранешен шеф на картелот „Сетас“.