Советот на Европа ја критикува Турција за одземањето на имунитетот на пратениците

Од:

 Турција треба да им го врати судскиот имунитет на пратениците, во извештај денеска посочи комисија на Советот на Европа, пренесе ДПА.

Комисијата го критикуваше процесот на одземање на имунитетот на пратениците и упати предупредување дека земјата има проблем со заштитата на слободата на говор.

Сегашната ситуација во турскиот судски систем тоа го прави најлош можен момент за укинување на имунитетот, се наведува во извештајот на Европската комисија за демократија преку право.

По спречениот обид за преврат од 15 јули, па дури и пред тоа Турција спроведува чистки против обвинители и судии, обвинети за врски со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен. Анкара го обвинува Ѓулен за организирање на обидот за преврат, што проповедникот го демантира.

Турскиот Парламент, во кој мнозинството го има владеачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, во мај гласаше за одземање на имунитетот на повеќе од 135 пратеници.

Мерката на крајот зафати 55 од вкупно 59 пратеници од прокурдската Демократска партија на народите. Оттогаш лидерите на ДПН се исправени пред судски прогон, што може да доведе до нивно затворање на подолго време.

Мерката беше донесена преку измени на Уставот, што, според извештајот на комисијата „го нарушува принципот на еднаквост“.

Во извештајот се изразува ставот за поддршка на засилување на неприкосновеноста на пратениците со цел да им се гарантира поголема слобода на говорот.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска