А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на општина Охрид на прес конференцијата од СДСМ

by А1он17/10/2016 - 14:08102
Share0

Денес проследивме нова епизода од серијалот во режија на СДСМ Охрид, кој слободно може да се именува: „Спомени од минатото притоа обидувајќи се да ги исперат своите гревови кон граѓаните и институциите од Охрид, а за тоа да им е крив некој друг„.

Добивај вести на вибер

Откако во двата мандати кога владееа со Охрид, ги преспаа проблемите на детската градинка сериозно продлабочувајќи ги, и зголемувајќи ги долговите, се дрзнаа да држат прес конференција пред новата и скоро комплетно завршена реконструирана детска градинка.

Зарем заборавија дека градинката ни ја оставија со покрив кој прокиснува, а притоа пред очите на сите родители водата се собираше во пластични кофи? Заборавија ли дека оставија проблематичен вентилационен систем во делот на кујната од каде постојано децата чувствуваа непријатна миризба? Заборавија ли дека системот за парно греење надограден со старата и дотраена столарија немаше капацитет да ги загрее занималните на пристојна температура потребна за грижа и воспитување на децата? Заборавија ли дека лицата кои ги имаа ангажирано во градинката и кои секојдневно одеа на своите работни места не им ги исплатија заслужениете и со пот заработени плати?

Тие можеби заборавија но граѓаните на Охрид никогаш нема да го заборават нивното мрачно владеење со градот.

Објектот пред кој денес стоевте има нова кровна конструкција, нова ПВЦ столарија, нова енергетски ефикасна фасада, комплетно нова водоводна мрежа, за првпат има инсталирана мрежа за топла вода во детските санитарни јазли, а комплетно е нова и канализационата мрежа. Во градинката повеќе ја нема препознатливата миризба на кујната, вработените редовно ги примаат своите плати, а воспитно образовниот процес од оваа година е надополнет и со ангажирани наставници по англиски јазик, физичко воспитување и дефектолози.
Така работиме ние, нашите дела секогаш ќе се спротивни на вашите празни зборови.

ohrid

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 09:28

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Горан Наумовски29/10/2025 - 09:29

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Горан Наумовски07/10/2025 - 19:14

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 09:52

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски09/09/2025 - 10:2309/09/2025 - 10:59

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Горан Наумовски18/08/2025 - 13:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен