Европската унија ќе го одмрзне имотот на Тунис и на Египет што го имаше блокирано додека земјите имаа диктаторски режими, се наведува во денешното соопштение од Европскиот совет.
Советот на министри за надворешни работи донесе одлука дека по Арапската пролет нема причини за замрзнување на фондовите и на недвижностите кои беа под контрола на египетскиот претседател Хосни Мубарак и претседателот на Тунис, Бен Али.
Советот не ја соопшти вкупната вредност на замрзнатиот имот.
Имотот ќе им биде достапен на новите власти во Тунис и во Египет откако одлуката за одмрзнување ќе се спроведе низ правосудните системи на земјите-членки ба ЕУ.