Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патничко возило и мотоцикл што се случи вечерва на стариот пат Охрид – Струга во близина на аеродромската писта.
Во сообраќајката животот го загубило лицето кое управувало со мотоциклот.
Од СВР Охрид ја потврдија информацијата.
Извршен е увид на местото на несреќата.