Николовски: Катастрофалното земјоделство е резултат на селективното и криминалното распределување на субвенции

Од:

„Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски дебатираше сам со себе на панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако од 2006-та година до сега, како што вели тој, биле исплатени над една милијарда евра субвенции за поддршка на земјоделците, тогаш со сигурност на дело ќе се видеа резултатите и благодетите за секој земјоделец.

Единствено видливо е намалувањето на бројот на крупниот добиток за 18.000 грла, кај свињите е намален за 26.000, а кај овците имаме намалување од 38.000 грла и тоа само за последните 5 години, токму тие кои Костадиновски ги прикажува како години во кои земјоделството е субвенционирано.

На тоа ако додадеме 200.000 хектари необработени земјоделска површина, неколку пати зголемен увоз на прехрамбени и земјоделски производи, притисок и закани кон земјоделците, кои едвај врзуваат крај со крај за да преживеат, доволно кажува во каква состојба е земјоделството.

Селективниот, криминален и клиентелистички пристап во распределбата на субвенции придонесе реалната слика во земјоделството да е катастрофална.

Стотици милиони евра за субвенции не се исплатени, илјадници вистински земјоделци се обесправени и се одбиваат за субвенции, а огромен број од нив имаат правосилни и извршни одлуки за исплата на пари што со години не им се исплаќаат.

Тоа е реалноста. Затоа логично се наметнува прашањето: каде навистина завршиле една милијарда евра?

Сигурно не кај вистинските земјоделци, туку  во џебовите на луѓе од фамилијата и тајкуни тесно поврзани со власта“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите