Во Битола завршува уметничко-истражувачкиот проект „Став 2016“

Од:

Центарот за современи уметности „Елементи“-Битола вечер во културниот центар Магаза ќе го реализира последниот дел од уметничко-истражувачкиот проект „Став 2016“.

Според програмата вечер во Битола ќе биде организиран музички настап на Димитар Додовски, а потоа ќе бидат емитувани проекции на 12 видео дела и куси филмови селектирани од Билјана Исијанин, претставник на „Елементи“, Ана Франговска од Национална галерија на Македонија -Мултимедијален центар Мала станица и Мира Гаќина, претставник на Музеј на современа уметност-Скопје.

– Оваа година „Став 2016“ го истражува различното перцепирање на просторот и неговата интеграција во уметничките дела, но исто така и можноста за влегување во еден нов мисловен свет во кој се дадени сите начини на експериментирање со понудените простори, како и односот помеѓу јавната сфера, институциите и општеството. Наместо во форма на фестивал, како што овој проект почна уште во 2004 година, оваа година тој беше поделен во три делови, а последниот се реализира вечер низ презентација на видео дела и филмови, најави Билјана Исијанин, член на организацискиот тим.

Проектот „Став“ е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски