Јосиповиќ: Средбата со Николиќ сега би била бесмислена

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ смета дека по ослободителната пресуда на хрватските генерали во Хаг шансите на српската противтужба речиси се никакви и засега средбата со српскиот претседател Томислав Николиќ би била бесмислена.

Јосиповиќ истакна дека не се гледа со претседателот на Србија, но додаде дека ги чита „неговите необични изјави“ и повтори дека генералите Анте Готовина и Младен Маркач се воени херои.

– Нашата тужба има одредени шанси, јас тоа го следам како правник и знам дека таа постапка ќе заврши, но како претседател не можам ништо да кажам. За спогодбите и порамнувањата одлучува Владата, но за такво нешто има малку простор, рече Јосиповиќ.

Тој забележа дека е штета тоа што со своите изјави по ослободувањето на хрватските генерали Николиќ и некои други функционери во Србија го спречуваат процесот на помирување и соработка.

– Додека ние во Хрватска заговарајќи вистинско помирување, сакаме да ја спуштиме топката на земја, претседателот на Србија ги гледа работите поинаку, додаде хрватскиот претседател.

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата