Гугл и Фејсбук со кабел ќе ги поврзат Лос Аџелес и Хонг Конг

Од:

Како што е познато, Фејсбук и Гугл се забранети и целосно блокирани во континентална Кина, но сега тие две компании одлучија да вложат во Хонг Конг, кој претставува посебна кинеска област. Градот ќе има пристап преку нивните платформи и служби стационирани или задолжени за азискиот континент.

Фејсбук и Гугл ќе „пуштаат“ кабел под Тихиот Океан, што ќе ги поврзува Хонг Конг и Лос Анџелес и ќе биде долг речиси 13.000 километри. Технолошките гиганти притоа, гарантираат супер брз пренос на податоци.

Наместо да им го препуштат обезбедувањето потребна инфраструктура на телефонските компании, двата светски бренда решија да настапат заеднички, но самостојно.

Фејсбук веќе работи на поставување кабли во Атлантикот, а оние во Пацификот би требало да бидат во уптреба дури во 2018. Тоа ќе биде всушност шестата подводна врска, проект во кој ќе учествува и Гугл.

Околу податоците колку сето тоа ќе чини, се уште нема подробности.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска