Францускиот премиер Мануел Валс при вчерашната посета на Канада изјави дека двете земји одлучиле да ја интензивираат борбата против тероризмот.
– Заедно сме апсолутно одлучни да ја засилиме соработката против тероризмот. Тероризмот тешко ја погоди Франција, Канада исто не остана не погодена и тероризмот и се заканува во моментот, истакна Валс на заедничката прес-конференција со канадскиот колега Џастин Трудо.
Валс наведе дека на средбата со Трудо разговарале и за меѓународните кризи, „посебно за сириската драма, ужасната трагедија која ја преживуваат во Алепо и неговите жители, соочени со цинизам и бруталност поддржани од Русија и сирискиот режим“.
– Имаме потреба од Канада во Блискиот Исток и во Африка, во Обединети нации и насекаде, каде стабилноста и безбедноста се под закана на кризи, посочи Валс.