Израел и Турција разговараат за изградба на гасовод меѓу двете земји

Од:

Израел и Турција разговараа за можноста за изградба на гасовод меѓу двете земји, изјави денеска израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц.

Штајниц се сретна денеска со неговиот турски колега Берај Албајрак, што претставува прва посета на израелски министер на Турција по шест години.

Израелскиот министер посочи дека на средбата се договориле „да се воспостави дијалог меѓу двете влади“, за да се разгледа можноста за реализирање на проектот.

– Разговаравме за прашањата поврзани со енергетиката и можноста за изградба на гасовод од Израел до Турција, за да може да се испорачува природен гас за Турција и Европа, истакна Штајниц.

Односите меѓу Турција и Израел се влошија во 2010 година откако израелски конадоси убија десет турски активисти од бродот „Мави Мармара“, кој се обиде да ја пробие израелската блокада на Појасот Газа и да достави хуманитарна помош до Палестинците.

Во јуни Израел и Турција објавија дека ќе ги нормализираат нивните односи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан