Јеменските шиитски бунтовници Хути денеска демантираа дека отвориле оган кон американски воен брод во Црвеното Море.
– Американските тврдења се неосновани, изјави воен претставник на камп, поврзан со Хутите. – Армијата (поврзана со бунтовниците) и Народните комитети, немаат ништо заедничко со тие активности, додаде тој.
Како одговор на нападот врз нивниот брод, извршен во неделата од територија под контрола на Хутите, Вооружените сили на САД денеска уништија три радарски станици во Јемен, кои се наоѓаат во зони под контролирани од бунтовниците.