МЗТ Скопје минимално поразен во првото коло од Еврокупот

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа минимален пораз во првото коло од Еврокупот. Литванскиот тим Лиеткабелис на домашен терен славеше триумф со 90:89.

Резултат по четвртини: 27:22; 23:13; 24:23 и 16:31.

Победничкиот кош за Лиеткабелис го постигна Донатас Таролис по промашувањето на Лоренцо Вилијамс со звукот на сирената за крај на натпреварот. На три секунди до крајот на дуелот македонскиот првак поведе со 89:88, по тројката на Стефан Синовец откако во претходниот напад тој промаши.

Инаку, нашиот првак лошо го почна натпреварот и беше во постојана негатива и кон средината на третата четвртина Лиеткабелис ја имаше и највисоката предност од 23 поени. Но, до крајот на дуелот МЗТ Скопје успеа резултатски да се врати и да поведе, но не успеа да го одбрани последниот напад.

Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Стефан Синовец со 20 поени.

Во следното коло МЗТ Скопје е слободен, а следен ривал е Цедевита на домашен терен на 26. октомври.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух