Јункер: Сега е моментот за обединување на Кипар

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер истакна дека сега е вистинскиот момент за решавање на кипарското прашање, јави кипарскиот весник „Филелефтерос”.

На отворањето на фотографска изложба во Брисел, посветена на исчезнатите лица по поделбата на островската држава, организирана од Кипар и Европскиот парламент, еврокомесарот изјави дека „ако таа можност биде пропуштена, нема да има друга”.

– ЕК е наполно начисто со трагичните настани, кои се случија по поделбата на островот, останатите се уште неодговорени прашања и болното минато за семејствата на исчезнатите, посочи Јункер.

На почетокот на овој месец започна уште еден круг интензивни преговори за решавање на кипарското прашање. Лидерите на двете заедници, турската и грчката се договорија преговорите за надминување на разликите да се водат три или четирипати седмично.

Кипар е поделен од 1974, кога северот беше окупиран од Турција како одговор на националистичкиот државен преврат кој имаше за цел обединување на Кипар со Грција. Тоа предизвика немир кај турското малцинство на Кипар и воена интервенција на турската држава. Подоцна во северниот дел на островот беше создадена Турската Република Северен Кипар, која е призната единствено од Анкара.

Лидерите на двете етнички заедници во Кипар во мај 2015 ги обновија преговорите за повторно обединување, а тие беа интензивирани во ноември, под покровителство на ОН, ЕУ и САД.

Турција исто така изрази надеж за што поскоро обединување на островот и тоа уште оваа година.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ