Норвешката јавна телевизија НРК ја објави за прв снимката на која е прикажан Андерс Брејвик како го паркира камионот бомба во чија експлозија загинаа осум луѓе во Осло.
Снимките од камерите за видео надзор покажауваат бел камион како се паркира во подоножјето на зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот.
Експлозијата на бомбата од еден тон уби осум луѓе, а неколку десетина луѓе беа ранети.
На снимките се гледа и Брејвик како заминува со друго возило-сив фиат, со кој тргна накај островот Утоеја на собирот на младите лабуристи каде што направи масакр и уби 69 тинејџери.
Оваа снимка е емитувана за време на судењето, а сега првпат се појавува во јавноста.