ВМРО-ДПМНЕ: Државата веќе не смее да биде заложник на политичките интереси на Зоран Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија попладне во 17 часот да закаже седница на која прва точка ќе биде расправата за буџетот за следната година, а втора точка во 19 часот одлуката за распуштање на законодавниот дом.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ја поздравува одлуката на СДСМ да го прифати, како што наведуваат, „нашиот повик да престане да бега од соочување со народот и да поднесе барање за распуштање на Собранието“.

– Барањето на СДСМ го прифаќаме и очекуваме дека овој пат Зоран Заев нема да се обидува да измислува причини за повторно да избега од избори. ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17 часот,  да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19 часот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку СДСМ е убедена дека ќе ја добие поддршката на наредните избори, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, не е спорно на првата седница по конституирањето на новиот собраниски состав да предложи и изгласа ребаланс на Буџетот.

– Неносењето на буџетот ќе значи и потенцијален ризик и опасност од внесување на земјава и во финансиска криза, покрај политичката криза со која што се бориме и се обидуваме да ја надминеме. Со поддршката на агендата што ја предлагаме, СДСМ ќе докаже дека навистина има намера да излезе на избори и дека навистина се убедени дека државата веќе не смее да биде заложник на политичките интереси на Зоран Заев, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ да достави достави предлог за распуштање на Собранието, по што пратеничката група на опозициската партија и нејзините коалициски партнери доставија иницијатива за итна седница со таква точка.  Предлог-одлука со која се бара денеска да се распушти Парламентот, поднесе и Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција