Наташа Габер: Премногу и од Европа!

Од:

„За да не ме прашувате одделно, еве да ви кажам, Илиевски 106 гласа, јас 86 гласа. Премногу и од Европа“, вака на ФБ искоментира Наташа Габер-Дамјановска, по веста дека Јован Илиевски е избран за судија на Европскиот Суд за човекови права.

Комисијата за избор на судии пред 10 дена откако разговараше со тројцата кандидати од Македонија во Париз со тесно мнозинство и даде предност на уставната судијка Наташа Габер Дамјановска, како најквалификуван кандидат пред Јован Илиевски, шефот на обвинителството за организиран криминал. Третиот кандидат, актуелниот амбасадор во Ватикан, Звонимир Јанкуловски не доби препорака од Комисијата.

Според Европската конвенција за човекови права, при изборот на судија главен услов е тие да бидат со висок морал и со квалификации за оваа висока судска функција .

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ