Хаити се соочуваат со општ глад

Од:

Привремениот претседател на Хаити, Жоселрме Приверт изјави дека земјата се соочува со вистински, општ глад, по апокалиптичното разурнување на ураганот „Метју“.

Приверт уверува дека општиот глад е неизбежен во следните три-четири месеци, доколку ситуацијата не се поправи на соодветен начин.

ОН побара од меѓународната заедница „масовна помош“ за населението на оваа карибска држава.

Ураганот „Метју“ од четврта категорија, кој помина преку Хаити, остави околу илјада загинати и уништи цели села и помали градови, илјадници домови, заедно со сите житни култури и резерви од храна.

Привремениот претседател вели дека загубите во Хаити се огромни, па на оваа островса земја сега и веднаш и се потребни храна, питка вода – за да се спречи избувнувањето на колера, и лекови.

– Заканата од глад во Хаити останува мошне сериозна, откако ќе престане меѓународната помош, после неколку месеци, вели Жоселрме Приверт.

ОН побараа за Хаити итна помош од 120 милиони долари, а генералниот секретар Бан Ки-мун порача дека таа е неопходна за 1,4 милиони луге на островот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен