Фјури се соочува со одземање на ВБО титулата

Од:

Светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури може да ја изгуби титулата од ВБО верзијата, доколку во рок од 10 дена не даде објаснување за откажувањето на реваншот со Владимир Кличко и поврзаноста со користење дрога, пренесува Би-Би-Си.

Боксерот од Манчестер мора писмено да ја образложи одуката околу кршење на договорот, како и да ја објасни изјавата дека кокаинот му помага да ја надмине депресијата.

Фјури неодамна втор пат го откажа реваншот со Кличко поради здравствени проблеми, но тоа не го образложи за разлика од првиот пат кога го фотографираше својот отечен зглоб.

Тој минатиот ноември во Дизелдорф го победи Кличко и ги обедини титулите во ВБА и ВБО верзиите, како и ИБФ која подоцна му беше одземена поради неприфаќање на предизвикот од Вјачеслав Глазгов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ