Оспорен мандатот на новата парламентарна делегација на Србија во ПССЕ

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа го оспори мандатот на новиот состав на српската парламентарна делегација, по парламентарните избори во оваа земја, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Оспорувањето на мандатот беше по повикот на парламентарците кои го поднесоа барање дека е несоодветна застапеноста на сите политички партии од новиот состав на српскиот парламент во делегацијата која беше испратена во Стразбур.

Имено на српскиот Парламент му се забележува што во составот на делегацијата нема претставник на Демократската партија.

Сега комисијата за првилници на ПССЕ има 24 часа да даде одговор, дали српската делеагција ќе има право на глас и на овластувањата кои и ги дава паневропската асамблеја, односно да учествуваат полноправно во работата на сите органи на ПССЕ.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски