Смртниот биланс на ураганот Метју во Хаити се зголеми до илјада лица, а напоредно со тоа, луѓе умираат од колера и некои локални власти ги погребуваат починатите во масовни гробници, пренесува БТА.
Најмоќниот ураган во Карибите во последните, речиси, десет години во вторникот го погоди Хаити – најсиромашната земја на двата американски континенти – со ветрови со брзина од 230 километри на час и поројни дождови.