Американски функционери и официјално ја обвинија руската влада за кибер напади на американски политички организации, наведувајќи дека целта била „мешање во изборниот процес во САД“.
„Веруваме дека врз основа на обемот и чувствителноста на овие активности дека само највисоки руски функционери можеле да дадат овластување за нив“, се наведува во заедничкото соопштение на Министерството за национална безбедност и канцеларијата на директорот на американските разузнавачки служби.
Ова соопштение е прво официјално обвинение од вашингтон за Москва во врска со серијата хакерски напади врз членови на Демократската партија.