Опожарени неколку возила на паркинг во Радишани

Од:

Во пожар што избувнал ноќеска во 2:50 часот на паркинг на улица „Радишанска“ во Скопје се опожарени неколку возила. Се уште не е позната причината за опожарувањето, како и од кое возило започнал пожарот.

Како што соопшти МВР, во пожарот целосно се опожарени “Фиат Пунто“, сопственост на Г.Љ. (1997) од Скопје и “Сузуки Свифт“ сопственост на А.П.(1964) од Скопје. Делумно се опожарени “Ауди“ сопственост на правно лице, а паркирано од страна на В.С. (1978) од Скопје и “БМВ Х5“ со бугарски национални ознаки сопственост на правно лице “Спидекс интернационал“, а паркирано од страна на Ѓ. К. (1966) од Скопје, кои биле во непосредна близина на опожарените возила.

Пожарот е целосно изгаснат во 03.30 часот од страна на екипа од Бригадата за протипожарна заштита-Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза