Кошаркарките на Бадел денеска ја започнуваат новата сезона во женската регионална Јадранска лига (ВАБА).
Шампионот на Македонија во женска конкуренција екипата на Бадел и сезонава ќе биде дел од регионалното натпреварување, во кое како и лани во првата фаза десетте екипи ќе бидат поделени во две групи.
Баделки ќе играат во Б групата во која за противнички ќе ги имаат кошаркарките на Монтана (Бугарија), Цеље Атлете (Словенија), Будуќност (Црна Гора) и Црвена Звезда (Србија).
Во првиот меч кој ќе се игра вечерва во салата „Независна Македонија“ во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ со почеток во 19:30 часот, Бадел за противник ќе ја има екипата на Атлете Цеље.
За љубителите на кошарката кои ќе се решат да го следат во живо овон натпревар влезот ќе е бесплатен.