Холандскиот бренд Тeehee дизајнира интересни парчиња мебел за детските соби кои влеваат разиграност во секојдневните задачи.
Колевката „Ила“ може да се претвори во кревет а вклучува и дополнително столче кое може да се користи за пресвлекување на бебе или како работна маса.
Мебелот вклучува полици со простор за книги или играчки, како и носач за закачалки, а сето тоа може да се прилагоди на децата согласно нивната висина.
„Илета“ има сличен дизајн, но вклучува поголем плакар со повеќе простор за облека, но може да се користи и за други работи кога децата ќе пораснат.
– Бебињата и малите деца не сакаат промени и нивните соби стануваат засолништа каде минуваат многу часови и би требало да се чувствуваат сигурно во нив. Сакам да мислам дека дизајнирам „домови“ кои ќе растат со нив, вели основачот на брендот Тeehee, Долорс Теиксидор.