Реакција на Општина Струмица на прес конференцијата на Васил Пишев

Од:

„Пратеникот Васил Пишев денес одржа прес конференција, и остана жив. Обидувајќи се да ја изманипулира македонската јавност по теркот што го практикува ВМРО ДПМНЕ, тој повторно покажа дека е скаран со вистината и реалноста.

А вистината вели дека проектот „Мултифункционален пазар“ во Струмица сеуште чека на своја реализација. Пишев треба да побара одговор од својот лидер и поранешен премиер Никола Груевски, зошто сите касарни низ градовите во Македонија, во рамките на владиниот проект „Старите касарни за нов развој“ се дадени на управување на Општините, а само касарната во Струмица не е предадена на Општината.

Срамота е. Срамота е господине Пишев што како пратеник од Струмица не сте се избориле кај Вашиот лидер, да биде исправена таа неправда, за да можат да се реализираат бројни планирани проекти, меѓу кои и мултифункционалниот пазар.

Срамота е да го премолчувате предизборно ветениот пазар од страна на ВМРО ДПМНЕ, за кој Груевски, Јанакиевски, Бонева и останатите ваши сопартијци, ветуваа дека ќе биде изграден на влезот во Струмица. Зошто и за ова ветување, не се изборивте да биде реализирано.

Срамота е господине Пишев, струмичанец сте, а се однесувате како најголем непријател на општина Струмица“, се вели во реакцијата на Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски