Транспаренси Интернешнл повикува да се имплентира Законот за заштита на укажувачи

Од:

„Венецијанската комисија во извештајот наведува дека усвојувањето на Законот за заштита на укажувачи беше резултат на голем политички договор, со кој се тежнееше да се постигне нормализирање на политичкиот живот во земјата во одредени околности. Меѓутоа, иако законот стапи во сила на 19 октомври 2015 година, а започна да се имплементира од 18 март 2016 година, институционалните механизми во практика се имплементираат со потешкотии.

Оттука, суштинските препораки од комисијата се однесуваат на:

–          Членот 6.1 од Законот за заштита на укажувачи кој треба да се ревидира во однос на објавување во медиуми, односно Комисијата смета дека објавувањето на информации треба да е возможно кога внатрешно/надворешно пријавување како механизми не постојат, се неефективни, или кога се забележливи ризици прикривање на злоупотреби или избегнување на одговорност од страна на виновниците. Пријавувањето  треба да се однесува на општата дефиниција за „јавен интерес“ кој е содржан во членот 2 став 4.

–          Законот за заштита на укажувачи мора да наведе до кој степен и под кои услови ќе се обелодени јавниот интерес наспроти пријавувањето кое е загарантирано со заштита на укажувачот, односно, како во услови на јавност да се заштити пријавувачот против можните дисциплински постапки (и слични мерки поврзани со работното место) и против сите кривични санкции или граѓанската одговорност, како и кои се сите можните очекувања од овој закон.

ТИ-М смета дека е потребно институциите да вложат поголеми напори за имплементирање на препораките од Венецијанската Комисија, но укажува дека истите не се пречка да се започне со ефикасна имплементација на Законот. Институциите надлежни за негово спроведување да воспоставаат практики со кои на граѓаните ќе им биде обезбедено заштитено пријавување согласно законските одредби. Како граѓанска организација се залагаме за отворена дискусија за надминување на сите проблеми во имплементирање на препораките од Венецијанската комисија и во примената на Законот“, пишува во соопштението потпишано од претседателот на Транспаренси Интернешнл, Слаѓана Тасева.

Би можело да ве интересира

Сопствениците на „Бучим“ дел од меѓународен скандал за перење пари, 1,9 милијарда долари преместени во сомнителни фондови

Маја Илиевска-Пачемска

Тасева: Само со политика и декларативност не може да се промени состојбата со корупцијата

Ана Ололовска

Македонија најлошо рангирана досега според индексот на корупција на Транспаренси интернешнл

Ана Ололовска

Извештај на Транспаренси интернешнал за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Ана Ололовска

Конкурс за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото

Ана Ололовска

Транспаренси Интернешнел Македонија поднесе кривична пријава до ОЈО во врска со незаконски исплати од Агенцијата за филм

Ана Ололовска