Во Чешка се организираат културни настани во чест на Вацлав Хавел

Од:

Во повеќе чешки градови денеска се одржуваат културни настани во чест на денот кога е роден поранешниот претседател и дисидент, борец за човековите права Вацлав Хавел, јави дописникот на МИА од Прага. 

По повод недоживеаниот 80. роденден на Хавел, кој почина на 18 декември 2011 година се организираат изложби, рецитали, претстави и се палат свеќи на неговиот гроб во Винохради во главниот град на Чешка.

Во Прашкиот замок каде што е Претседателската резиденција почит на поранешниот шеф на државата му одадоа војниците на Претседателската гарда, а истакнати политичари оставаат пораки и евоцираат спомени на социјалните мрежи.

– Не се работи само за сеќавања, туку и да се најде храброст да се зачуваат идеалите кои Вацлав Хавел ги претставуваше, напиша на Твитер премиерот на чешката Влада Бохуслав Соботка.

Вечерта е во знакот на повеќе концерти, претстави и на јавни места ќе бидат пуштани снимки од неговите говори со познатите ставови кои го претставуваат Хавел како личност која недостасува во општеството, истакнуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница