Квартовите во источниот дел на Алепо, кои се под контрола на бунтовниците, од страна на ОН се поставени во категоријата „зона под опсада“, изјави денеска Јенс Ларке, претставникот на Службата за координација на хуманитарните прашања во ОН.
Како што наведе Ларке, источните квартови на Алепо веќе ги исполнуваат трите критериуми за „зона под опсада“, односно недостиг на пристап за хуманитарна помош, воена опсада и неможност за слободно движење на цивили.
Според категоризирањето на ОН, во Сирија има 18 „зони под опсада“.