(ВИДЕО) Димовски: Како може СЈО од нелегитимно Собрание да бара измени на закон

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија остана на ставовите кои ги кажа во текот на минатата недела во однос на барањата на СЈО, а тоа е дека нема да прифати разгледување на било какви барања од страна на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини.

-Прва причина е дека не прифаќаме никакви договорања, предоговарања проширувања на време и рокови надвор од тоа што беше договорено во процесот наречен „Пржино“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Како објаснување за оваа одлука, Димовски наведе дека се што е поставено како приоритет и потреба од страна на сите субјекти вклучени во тие разговори е овозможено.

-Би сакал да потсетам дека од страна на СЈО ова Собрание беше наречено нелегитимно, незнаеме по кој основ од ова собрание се бара промена на закон ако е нелегитимно односно ако е нелегитимно нема право да донесе закон, рече Димовски.

Тој додаде и дека не е доставен финансиски извештај од страна на Специјалното јавно обвинителство што според него е прв пат во плурално дејствување на Македонија да одредена институција што според законот одговара за својата работа пред Собранието одбива да даде финансиски извештај како ги троши парите на граѓаните.

Kако последна причина за не изгласувањето на законите предложени од пратеничката група на СДСМ повразни со Специјалното јавно обвинителство, Димовски го наведе недоаѓањето на седниците за политички систем и отфрлање на обврската да се даде извештај.

Според координаторот на пратеничката група на ДПМНЕ, Специјалното јавно обвинителство и Социјалдемократскиот сојуз се исто односно дека СЈО работи за кампањата на најголемата опозициска партија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски