Приборот за пиење на чај Куса, кој го креираше Кенго Кума, претставува вистинско уживање за сите луѓе кои умеат да ја ценат културата и традиционалните вредности…
Јапонскиот архитект и дизајнер Кенго Куна одлучил да го импресионира целиот свет со скапоцен комплет на шољи наменет за уживање во лековитите вредности на чајот. Сервисот е креиран специјално во чест на сребреното наследство на Георг Јансен и сите подеднакво не потсетува на чудесни чувства кои преплавуваат во моменти кога соновите стануваат јаве.
Овој исклучителен сервис за чај е наречен Куса и делува како вистинско отелотворување на дизајнеровиот елегантен пристап и современ поглед на комплет на шољи наменети за уживање во чај, правејќи голем напор да ги внесе во модерните времиња на голема врата. Комплетите за чај се синоним за јапонската култура и оваа посебна колекција е дизајнирана за да се користи за содо чајанки кои се организираат со оваа билка во оваа древна земја.
Колекцијата се состои од cha-ire (кутии за чај), chasen (лажичиња), chashaku (цедалка), chawan (шољи за чај), како и прекрасен послужавник. Отстапувајќи далеку од традиционалниот стил, округлиот послужавник, филџаните и тацните се креирани од сребро за да имаат многу полуксузен изглед.
Разните соработки тежеа кон тоа да ја освежат сребренината на георг Јансен, а оваа последна идеја е подеднакво изненадувачка колку што е и прекрасна. Кенго Кума е прославен креатор кој е избран да го изгради најголемиот стадион за олимписките игри во 2020 година, затоа воопшто не е чудно што токму тој е првиот азиски дизајнер кој е замолен за оваа неверојатна услуга.
Куса комплетот за чај на Кенго Кума чини многу респектабилни 80.000 долари и е дел од многу ретка колекција, што само 11 среќници ќе имаат прилика да уживаат во него, во моменти кога ќе посакаат да пијат егзотичен чај во овој сервис.