(ВИДЕО) Куновски: БЕГ врши огромен криминал, парите од фирмата се слеваат на приватни сметки на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Компанијата БЕГ А.Д. е основана со цел парите на граѓаните да се испумпуваат на приватни сметки на Кипар за врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Владимир Куновски од Левица.

– Се почнува на 9.11.2011 година кога на состанок помеѓу Никола Груевски и Димитар Петров, директорот на Регулаторна комисија за енергетика, Хаџи Мишев, директор на топлификација и организација на потрошувачите со намера да се вратат сите исклучени потрошувачи, лицето Н.Г. добива идеја и истата ја реализира во 2012 година, клучна година во која има три настани, состанок со Леонид Лебедев, сопственик на Синтез груп, руски бизнисмен на Кипар и формирање на БЕГ истата година за 50 илјади евра. Во јуни 2012 година е усвоен криминален правилник од регулаторна комисија за енергетика во која што се спроведени одредби спротивно на шест закони и Уставот на Република Македонија, обвини Куновски.

Според него, Лебедев преку неговите фирми Битар холдингс и Кардикор ја основа БЕГ А.Д., преку Битар Холдингс ја основа Те-то, која како што вели е бајпас фирма со цел да се искористи моќта на Топлификација.

– Овој случај веќе две години се истражува, меѓутоа ниту една државна институција нема ништо направено за тоа. Голем криминал е направен и во 2012 година, кога три лиценци се издадени на БЕГ, и тоа на 31.12.2012 година, а во истиот ден се објавени во Службен весник, за да може веќе од 1.1.2013 година да издава фактури. Имаме три месеци искористување на личните податоци на 40.000 граѓани бесправно, бидејќи БЕГ А.Д. нема никаква правна и законска можност да ги користи нивните податоци, рече Куновски.

Левица стои како гарант дека нема да се повтори дилот на Бранко Црвенковски и Никола Груевски за помилување на политичарите криминалци. Овој пат одиме до крај во гонењето на криминалците, рече тој.

– Би сакале да ги запрашаме господата од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ дали Димитар Петров, претседателот на Регулаторна комисија има плата од 3.000 евра и дали истиот господин од локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при Кратово една ипол година беше претседател незаконски, бидејќи главниот криминал е спроведен преку оваа комисија. Дали цената на парното е 30% над реалната и дали истите пари завршуваат во нивниот џеб? Дали долгот на БЕГ кон Топлификација е 18,5 милиони евра и дали утре ќе се одржи Собранието на Топлификација во кое што претпоставуваме дека некој планира да го купи за да се заташка целиот овој криминал, вели Куновски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски