Завршени годинашните археолошки истражувања на делови на Самоиловата тврдина

Од:

Заокружени се годинашните активности за археолошки истражувања спроведени покрај источниот и преградниот бедемски ѕид во јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина во Охрид.

Активностите што се спроведуваа во рамки на Програмата за заштита на културното наследство ги реализираа стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид.
Притоа се дооткриени градежни структури на еден објект од османлиското средновековие, делови од калдрма со интензивен слој од остатоци од согорување. Евидентиран е богат движен археолошки материјал кој се состои од керамика, монети, делови од оружје, орудија и др.

Пишаните историски извори, преданијата и откриениот движен и недвижен археолошки материјал потврдуваат дека на истражениот простор постоел селамлак на Џеладин-бег, кој бил подигнат во 1808 година, а опожарен околу 1838 година.

Стручни екипи на Заводот и музеј од Охрид ги завршија и активностите за конзерваторско-реставраторски работи на комплексот „Горна порта“. Со проектот, за чија реализација се издвоени речиси девет милиони денари, со акцент на извршување максимални конзерваторски работи и реконструкција на бедемското платно, се спречуваат од понатамошно пропаѓање ѕидовите од подградието на Самоиловата тврдина.

Овие активности претставуваат дел од поголем проект почнат уште во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски